Connect with us

Кошарка

Познат распоредот на натпреварите во втората фаза од „МТЕЛ“ Супер лигата

По завршувањето на 22. коло од кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лигата, согласно со системот за натпреварување, во вториот дел од натпреварувачката сезона, 12 екипи ќе бидат поделени во две натпреварувачки групи. Екипите кои според пласманот се од 1. до 6. место, (со пренесени резултати од првата фаза), ќе играат во „ТОП 6“ сегментот, додека екипите кои завршија од 7. до 12. позиција, ќе се натпреваруваат во плејаут делот.

Во втората фаза, која ќе стартува на 11 април, а ќе заврши со 25 април, шесте екипи ќе одиграат според еднокружен „Оролоџо“ систем, во пет натпреварувачки кола, според принципот „секој со секого“.

Првопласираните четири екипи ќе обезбедат пласман во полуфиналето на плејофот.

Ист е натпреварувачкиот систем и во плејаут делот. По пет одиграни кола, според принципот „секој со секого“, првопласираните три екипи ќе обезбедат место во Супер лигата во наредната натпреварувачка сезона 2026/2027. Трите екипи со најслаб резултат ќе се преселат во понизок ранг на натпреварување – Првата македонска лига за натпреварувачката сезона 2026/2027.

Распоред на натпревари – Топ 6:

1.коло (11 април)
ТФТ – Тиквеш Голден Игл
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув
Пелистер – Маџари

2.коло (15 април)
Тиквеш Голден игл – Маџари
Кожув – Пелистер
ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром

3.коло (18 април)
МЗТ Скопје Аеродром – Тиквеш Голден Игл
Пелистер – ТФТ
Маџари – Кожув

4.коло (22 април)
Тиквеш Голден Игл – Кожув
ТФТ – Маџари
МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер

5.коло (25 април)
Пелистер – Тиквеш Голден Игл
Маџари – МЗТ Скопје Аеродром
Кожув – ТФТ.

Распоред на натпреварите во плејаут:
1.коло (11 април)
Чаир 2030 – Ангели
МКК Куманово – Гостивар
Работнички – Феникс 2010

2.коло (15 април)
Ангели – Феникс 2010
Гостивар – Работнички
Чаир 2030 – МКК Куманово

3.коло (18 април)
МКК Куманово – Ангели
Работнички – Чаир 2030
Феникс 2010 – Гостивар

4.коло (22 април)
Ангели – Гостивар
Чаир 2030 – Феникс 2010
МКК Куманово – Работнички

5.коло (25 април)
Работнички – Ангели
Феникс 2010 – МКК Куманово
Гостивар – Чаир 2030.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3