Connect with us

Сервисни информации

Од утре облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег

Следува период на променливо облачно и посвежо време. Утре и во четврток ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 60 km/h), соопшти УХМР.

Во петок кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3