Connect with us

Вести

Мицкоски: Сите колективни договори почнаа да се применуваат, вклучително и линеарното зголемување и усогласување со минималната плата кај вработените во МВР

ите колективни договори што се потишани во јавниот и државниот сектор почнаа да се применуваат – рече премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека тоа е случај и со линеарното зголемување и усогласување со минималната плата кај вработените во Министерството за внатрешни работи.

– Оваа година за нас е навистина тешка, особено со случувањата во Заливот. Нешто за што веќе зборував, но тоа е што е, ќе се бориме. Сите колективни договори што имаат обврска за примена од 1 април веќе почнаа да се применуваат. Вклучително и линеарното зголемување и усогласување со минималната плата кај вработените во Министерството за внатрешни работи. И тие ќе имаат зголемување на личниот доход – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на настан за почнување проект за реконструкција на улици во општина Аеродром.

Така што, додаде премиерот Мицкоски, како работодавач, „ние практично се имаме усогласено со своите колеги во целост, мислам дека 97-98 проценти.

– Можам да кажам дека барем до 2028 година оној процес што го имавме зацртано го заокруживме – рече премиерот Мицкоски.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3