Connect with us

Култура

Изложба „H.O.P.E. – Harmonies of Presence & Empathy“ на Илина Арсова во КИЦ Истанбул

Во Македонскиот културен центар во Истанбул вечер ќе биде отворена изложбата „H.O.P.E. – Harmonies of Presence & Empathy“ на македонската уметница Илина Арсова.

-Изложбата претставува визуелно истражување на концептот на хармонија како состојба на рамнотежа, емпатија и заедништво. Во контекст на современите урбани средини, какви што се Скопје и Истанбул, обележани со неизвесност и динамични општествени и еколошки предизвици, проектот отвора простор за дијалог, рефлексија и повторно поврзување – велат од КИЦ Истанбул.

Инспирацијата произлегува од поимот „хармонија“ како „усогласување“ или „спојување“, кој преку делата добива подлабока филозофска димензија – баланс на спротивностите и заедничко постоење. Особен акцент е ставен на природата како простор каде оваа рамнотежа најјасно се манифестира, но и како систем кој бара грижа и заштита.

-Преку визуелна уметност и концептуален пристап, изложбата „H.O.P.E.“ го поставува прашањето за можноста хармонијата да се живее, а не само да се замислува, при што надежта се појавува како колективен процес – создадена и одржувана преку заедничко искуство – се вели во соопштението од КИЦ Истанбул. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4