Кошарка
Денвер го победи Портланд, Јокиќ оствари трипл-дабл
Денвер го победи Портланд рано утрово во натпревар од регуларната сезона на НБА, со 137:132 во продолжение. Натпреварот се одигра во „Бол Арената“ во Денвер.
Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл – 35 поени, 14 скока и 13 асистенции.
Денвер, со резултат од 51-28 (победи-порази) е на 3. место во Западната конференција.
Портланд е на 9. место, со резултат од 40-39.
И двата тима обезбедија место во плејофот.
април 7, 2026

