Connect with us

Фудбал

Арсенал без двајца играчи на гостувањето кај Спортинг

Менаџерот на Арсенал Микел Артета се соочува со проблеми во пресрет на утрешниот прв дуел од четвртфиналето од Лигата на шампионите на гостински терен против португалскиот тим Спортинг.

На прес конференцијата пред дуелот, шпанскиот стручњак изјави дека Букајо Сака и Џуриен Тимбер не допатувале со тимот и дека сè уште не се подготвени, но смета дека ќе бидат подготвени за следниот дуел од Премиер лигата.

На листата на повредени сè уште: Еберечи Езе, Пиеро Хинкапие и Микел Мерино и нивниот настап е неизвесен.

Сепак, има и добри вести за Артета дека ќе може утре да смета на Габриел, Дејлан Рајс и Леандро Тросард.

Кога ќе погледнете како игра и што направи Спортинг пред сè на домашен терен и кои тимови ги победија во Лигата на шампионите ја знаеме тежината на натпреварот, изјави Артета.

Дуелот Спортинг – Арсенал се игра на стадионот „Жозе Алваладе“ со почеток во 21 часот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1