Connect with us

Општини

Средношколците од штипското текстилно училиште сошија посетелнини за Педијатрија

Дваесет нови комплети постелнина изработија средношколците од СОУ „Димитар Мирасчиев“-Штип за одделот Педијатрија при Клиничка болница- Штип, по повод светскиот ден на здравјето. Професорката во СОУ „Димитар Мирасчиев“ Наташа Тасева вели акцијата има за цел да обезбеди поудобни услови за престој на најмалите пациенти. Учениците во рок од две недели изработија навлаки, перници и постелнини од памучен материјал. Во изработката се вклучија десетина ученици од различни години, кои преку оваа иницијатива, упатија благодарност и поддршка до здравствените работници. 

-Изработивме 20 комплети постелнина за детското одделение, каде што сакаме да укажеме чест и задоволство, што луѓето во белите мантили се грижат за нашите најмили. Оваа акција е за прв пат-рече Тасева.

 Средношколците велат дека зад оваа донација стои заеднички труд и силна желба да помогнат. За само две недели со своите вешти раце успеале да придонесат за подобрување на условите во болницата. 

-Значи ние учениците изработивме 20 парчиња, комплети од навлаки и перници и постелнини исто така. Ги изработивме во рок од две недели и материјалот е памучен, за да биде удобен за најмалите дечиња. Се вклучивме повеќе ученици, од сите години, бевме околу 10 ученика- вели средношколката Лидија Петровска. Оваа хуманитарна акција е прва за учениците, но велат дека нема да биде и последна. Тие најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со слични иницијативи за поддршка на заедницата. Од училиштето посочуваат дека ваквите активности ја развиваат свеста за солидарност кај младите.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4