Connect with us

Скопје

Прогласени најдобрите спортисти на Скопје за 2025 година

Во организација на Град Скопје и Сојузот на спортови на Скопје, денес беа прогласени најдобрите спортисти за 2025 година.

Во категоријата спортист за лица со инвалидност признанието отиде кај Андреј Стојаноски од пливачки клуб Вардар.

Во категоријата спортска екипа на атлети со интелектуална попреченост наградата е доделена на Специјална Олимпијада на Македонија.

Десетте најдобри во младинска категорија се:
– Филип Блажевски – Таеквондо клуб Бутел
– Андреј Ѓурчиновски – Билјард и снукер клуб Гран Клуб
– Абдул Азиз Азизи – Спортски клуб по борење Шкупи
– Ведрана Тунески – Таеквондо клуб Бутел
– Петар Цеков – Пливачки клуб Вардар 2018
– Јована Мицовска – Карате клуб Макпетрол
– Данило Божовиќ – Карате клуб Макпетрол
– Ива Богдановска – Џудо клуб Миоки
– Максим Митровски – Кик Бокс клуб Шампион
– Милијана Рељиќ – Таеквондо клуб Тигри.

За најдобар тренер на град Скопје во 2025 е прогласен Кирил Лазаров од клубот Алкалоид.

Токму РК Алкалоид од Скопје за освојувањето на ЕХФ Купот за 2025 година е прогласен за најдобра спортска екипа во 2025.

Десетте најдобри спортисти во сениорска категорија се:
– Стефан Михајловски – Кик Бокс клуб Прокик Фемили
– Вероника Костовска – Карате клуб Олимпик Спорт 2007
– Катерина Ацевска – Џиу Џитца клуб Дан – Кју
– Ангела Мојсовска – Карате клуб Макпетрол
– Христијан Бузалковски – Мото клуб СЕВЕНТУ ОНЕ ТЕАМ
– Тони Лазов – Шаховски клуб Алкалоид
– Дарио Ивановски – Атлетски клуб Скопски Маратон
– Викторија Јовановска – Карате клуб Макпетрол
– Андреас Трајковски – Атлетски клуб Работнички
– Марија Спирковска – Боречки клуб Лирија.

На сите добитници наградите им ги честиташе градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

– Град Скопје останува цврсто посветен на спортот, преку континуирани инвестиции, унапредување на спортската инфраструктура и создавање услови секој млад човек да има шанса да се развива, да верува и да успее. Драги добитници, вашите успеси се наша гордост, а вашите приказни наша секојдневна инспирација. Продолжете да чекорите храбро, да победувате достоинствено и да бидете светол пример за генерациите коишто доаѓаат. Од срце ви честитам и ви посакувам уште многу победи во иднина, рече Ѓорѓиевски.

За сите добитници, Град Скопје обезбеди признанија, парични награди, како и ваучери за користење на фитнес центри. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 2