Connect with us

Фудбал

ПМФЛ: Работнички ја совлада Струга на гостински терен

Во последниот натпревар од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига, Работнички попладнево ја победи Струга со 2:1.

Тимот од „Дебар маало“ освои три значајни бода во борбата за опстанок, додека Струга пропушти шанса да остане блиску до водечкиот Вардар.

Головите за гостите ги постигнаа Попзлатанов и Мехмед, додека Малески од пенал беше стрелец за стружани.

Работнички со новите три бода се искачи на 10. место на табелата, сега има вкупно 25.

Струга со 53 остана на третата позиција. Пред неа се Вардар со 61 и Шкендија со 58. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3