Connect with us

Свет

Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој утрово го обиколува почетокот на унгарскиот дел од гасоводот „Турски тек“ во Кишкундорошма, во областа Сегедин, изјави дека ситуацијата е исклучително сериозна и дека засега снабдувањето со гас на Унгарија не е загрозено, но дека треба да се биде многу внимателен.

„Ситуацијата е исклучително сериозна. Претходно разговаравме за нафтата, бевме под блокада. Ќе го надоместиме тоа од друго место, но гасоводот е уште поголема артерија“, рече Орбан на прес-конференција во Кишкундорошма, каде што е зголемена воената заштита на унгарскиот дел од „Турски тек“ и каде што врши инспекција на инфраструктурата откако вчера беа пронајдени експлозиви на српскиот дел од гасоводот, пренесува „Маѓар немзет“.

Тој потсети дека гасоводот веќе бил блокиран претходно поради што е и изграден „Турски тек“.

„Моментно сме под украинска гасна блокада, но можеме да ја надоместиме загубата од југ. Ако таа папочна врвца се пресече, унгарската економија ќе престане“, рече унгарскиот премиер.

Како што истакна, „засега, снабдувањето со гас за Унгарија не е загрозено, но мора да бидеме многу внимателни“.

Во 6 часот утринава Орбан се упати кон границата со Србија, во Кискундорошма, во областа Сегедин, за да провери дали сè е во ред со гасоводот од унгарска страна.

„Велигденски понеделник, 6 часот наутро. Наместо да наводнуваме, одиме кон унгарско-српската граница. Вчера се обидоа да го кренат во воздух гасоводот од српска страна. Проверуваме дали сè е во ред од унгарска страна. Ќе известувам во живо за развојот на настаните“, рече Орбан во својата објава на „Фејсбук“ со видео.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1