Регион
Голема акција на српската полиција и армиски единици, пронајдени сомнителни предмети близу гасоводот кај Кањижа
Припадници на Управата за криминалистичка полиција заедно со Воената полиција и други единици на армијата на Србија од раните утрински часови се ангажирани за пребарување на дел од територијата во општина Кањижа. Според белградски медиуми, во реонот на селата Велебит, Трешњевац и Војвода Зимоњиќ во општина Кањижа, во непосредна близина на гасоводот се пронајдени сомнителни предмети.
Во акцијата се ангажирани 140 припадници на војската и полицијата, а пребарувањето на подрачјето се уште е во тек.
Блокирани се неколку патишта во општина Кањижа.
Полицијата и војската го пребаруваат теренот на патот Трешњевац – Војвода Зимоњиќ, како и на патот кон селото Велебит, а пребарувањето се врши комбинирано со хеликоптери, дронови, термичко снимање, санитетски возила, јавија белградските медиуми.
април 6, 2026

