Connect with us

Фудбал

Гасперини: Рома мора да му оддаде признание на многу силниот тим на Интер

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, го коментираше поразот од 5:2 од Интер синоќа во гостувањето во 31. коло од италијанското фудбалско првенство.

– Примениот гол во првите секунди беше разочарувачки, но потоа видов добра Рома. Изедначивме, но не успеавме да одиме на одмор со нерешен резултат. Голот примен во финишот на првиот дел беше вистински удар за моралот на моите фудбалери. Третиот гол целосно нè исфрли од рамнотежа, и оттогаш навистина страдавме. 
Манчини е несомнено многу важен играч за нас. Кога имаме полн состав, сме многу поконкурентни, но во моментов ни недостасуваат доста играчи.
Мора да му оддадеме признание на многу силниот тим на Интер.
Тешко е за нас, тешко за Јувентус, Комо и Аталанта – сите тимови се борат за истото место. Сега сме малку зад нив, но ќе направиме сè што можеме за да бидеме во првата „четворка“, изјави Гасперини за „DAZN“.

Рома е шеста на табелата во Серија А со 54 бода по 31 натпревар.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2