Connect with us

Свет

Доналд Трамп Помладиот утре во Бања Лука на средби со политичкиот врв на РС

Најстариот син на американскиот претседател, Доналд Трамп Помладиот, утре пристигнува во посета на Република Српска во Босна и Херцеговина, јавува порталот „Кликс“.

За време на престојот во Бања Лука, Трамп помладиот ќе се сретне со претставници на владејачките партии за да разговара за потенцијални инвестиции на неговата компанија. Тој го презеде управувањето со семејниот бизнис откако неговиот татко се врати во Белата куќа во јануари 2025 година.

Претходно, Трамп помладиот заедно со Џаред Кушнер планираше изградба на облакодер во Белград, но таа инвестиција беше замрзната поради административни и технички проблеми.

Посетата е реализирана преку неговите контакти со Игор Додик, син на поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик. Игор Додик моментално ја извршува функцијата секретар на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД).

Маркетинг
Ad 1
Ad 4