Connect with us

Регион

Српскиот претседател од утре почнува консултации со партиите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе почне консултации со претставниците на партиите, а првите што ги покани на разговор се Движењето на социјалистите, Сојузот на војводинските Унгарци и Партијата за правда и помирување, соопшти денеска неговата прес-служба.

Белградски медиуми јавија дека две теми ќе бидат разгледувани: барањето на дел од граѓаните за распишување вонредни парламентарни избори во Србија и односот кон ЕУ и постапките на Србија во сложени меѓународни околности на безбедносен и енергетски план.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, претходно денеска објави дека Вучиќ ќе ги покани сите политички актери на дијалог, и особено ќе разговара со раководството на Српската напредна странка (СНС), кои би сакале тој да биде нивен кандидат за премиер.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави завчера дека избори во Србија, без да прецизира дали тоа се однесува и на парламентарни и на претседателски избори, ќе се одржат до крајот на годината, а можеби и до Видовден, 28 јуни.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3