Connect with us

Политика

Петрушевски: СДС и ДУИ во Тетово донесоа измени во ДУП со кои директно му овозможија бизнис од 200 милиони евра на прорускиот бизнисмен Дака

Власта на Заев и Ахмети, во 2020 година, на само еден ден по изборот на новата влада, во Тетово донесе измени во ДУП со кои директно се овозможи бизнис од 200 милиони евра на прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака.

Станува збор за просторот на некогашниот гигант ШИК Јелак, кој тогаш е откупен од страна на Миодраг Давидовиќ – Дака, преку фирмата „Јелак Градба“.

На истиот овој простор крими коалицијата предводена од СДС и ДУИ, во Тетово донесе нов детален урбанистички план само еден ден по изборот на владата во 2020 година.

Со новиот ДУП, планирано било на овој простор да никне урбана џунгла со над 2.000 станбени едници во вредност од 200 милиони евра.

Да потсетиме, дека ако не беше ВМРО-ДПМНЕ, во Тетово заради бизнис интерес на врвот на тогашната власт на Заев и Ахмети, на местото на некогашниот гигант ШИК Јелак ќе никнеше бетонска џунгла со над 2.000 станбени единици, илјадници метри квадратни деловни простории и трговски центри.

Ова е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние се бориме против криминалот и корупцијата, тие се криминалот и корупцијата.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4