Connect with us

Свет

Хатами: Во случај на копнена операција во Иран, ниту еден непријател не смее да преживее

Врховниот командант на иранската војска, генерал-мајор Амир Хатами, изјави дека „ако непријателот се обиде да изврши копнена операција, ниту едно лице не би требало да преживее“.

Хатами во онлајн комуникација со командантите на силите и базите на копнените сили, противвоздушната одбрана, воздухопловните и поморските сили на војската ширум земјата, изјави дека војската е подготвена да се спротивстави на „секое зло на непријателот на офанзивно и одбранбено поле“, пренесува иранската агенција Тасним.

– Ако непријателот се обиде да изврши копнени операции, ниту едно лице не би требало да преживее – рече Хатами. Тој за изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за Иран рече дека се „бесрамни и лажни“.

Трамп претходно во обраќањето до нацијата рече дека судирот во Иран „се ближи кон крајот“ и дека би можел да заврши во рок од неколку недели, но и дека САД ќе ги засилат воздушните напади врз земјата.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1