Connect with us

Свет

„Газпром“: Одбиен напад со дронови врз станица на гасоводот „Турски тек“

Руската компанија „Газпром“ соопшти дека во текот на ноќта бил одбиен нов напад со беспилотни летала врз компресорската станица „Рускаја“, која обезбедува извоз на гас преку гасоводот „Турски тек“.

Според наводите на компанијата, меѓу 00.40 и 1 часот три беспилотни летала со фиксни крила се обиделе да го нападнат објектот на извозната инфраструктура, пренесе „Тас“.

„Газпром“ наведе дека нападот бил одбиен благодарение на заедничките напори на силите на руското Министерство за одбрана и мобилните оперативни групи. Како што е соопштено, постројката не е оштетена и продолжува да функционира нормално.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4