Connect with us

Свет

Светската банка одобри кредит од 650 милиони долари за Романија

Бордот директори на Светската банка синоќа одобри кредит за Романија во износ од 650 милиони долари.

Според информациите на Светската банка што го пренесуваат романските медиуми, средствата од кредитот се поддршка на Владата на Романија во активностите за зацврстување на финансиската стабилност, развој на приватниот сектор и креирање нови работни места.

Заемот треба да создаде нови можности за граѓаните на Романија, во сложени околности во кои се наоѓа романската економија.

Финансирањето е насочено кон две главни сфери -За обновување на финансиската одржливост преку даночната политика и јавните расходи, а со цел поддршка на фискалната консолидација за постигнување буџетски дефицит од три проценти од бруто домашниот производ до крајот на 2030 година, како и за поттикнување економски раст во приватниот сектор. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1