Хроника
Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник
Полицијата вчера привела вработен во МВР кој возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник.
Според полицискиот билтен при сообраќајна контрола на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од 45 годишникот кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила.
Откако му бил побаран документ за идентификација тој се претставил дека е вработен во МВР во Секторот за општи и заеднички работи и рекол дека нема лична карта, по што почнал агресивно да се однесува и да му се заканува на полицискиот службеник. Веднаш бил приведен.
април 2, 2026

