Connect with us

Свет

Павел: НАТО може и без САД

Претседателот на Чешка, Петр Павел денеска изјави дека не ги разбира критиките на американскиот претседател Доналд Трамп кон сојузниците поради тоа што не се придружија на израелско-американскиот напад врз Иран.

– Пред сè треба да се сфати дека НАТО настана како одбранбен сојуз, чија главна задача е колективно да ги брани териториите на земјите-членки. САД не беа нападнати, а Иран не е членка на пактот. Затоа барањето НАТО да биде вклучен во конфликтот на Блискиот Исток не одговара на принципите врз кои е формиран НАТО, посочи Павел.

Тој, по најавите  на Трамп за повлекување на САД од Северноатлантската алијанса, истакна дека НАТО може да функционира без САД, но дека другите членки мора да преземат мерки за зачувување на принципот на колективна одбрана.

– Убеден сум дека НАТО има смисла не само за европските земји, туку и за Канада и САД. Во случај некоја членка да го напушти, може да продолжи да функционира, но тоа би барало големи напори од сите, наведе Павел.

Тој е поранешен началник на Генералштабот на чешката армија, сега пензиониран генерал, а беше и претседател на Воениот комитет на НАТО.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2