Вести
Објавен оглас за прием на 300 професионални војници во АРМ
Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија.
Општите услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност), посебните услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници), како и сите останати детали се наведени во јавниот оглас, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана. Јавниот оглас трае 15 дена вклучувајќи го денот на објавување.
Министерството ги повикува сите млади и заинтересирани граѓани да ја искористат оваа можност, да работат во служба на татковината и да бидат дел од Армијата која нуди стабилна и сигурна кариера, континуирана обука и личен развој, развој на тимски вештини и вистински вредности.
Деталите можат да се најдат на следниот линк: https://mod.gov.mk/mk-MK/oglasikonkursi/javni-oglasi
април 2, 2026

