Вести
Николоски: Најмногу време и енергија трошам на изградба на автопатите, тоа ми се најдраги проекти
Оваа Влада реши да ги започнe, да работи и да ги завршува проектите во инфраструктурата. Ги започнавме сите делници од договорот со Бехтел и Енка, автопати за кои немаше никакви работи на терен, а се трошеа милиони, тоа е домаќински однос кон државата и граѓаните, истакна во вечерашното гостување во “Топ тема” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
“Наследивме бројни проекти кои што беа или заглавени или само на хартија беа почнати, а во пракса не, и мислам дека е многу доблесно од нас како Влада, што решивме да ги одглавуваме и да ги завршуваме, затоа што сметам дека тоа е домаќински однос кон државата”, рече вицепремиерот Николоски.
Тој потенцираше дека за него најдраги проекти откако е избрана оваа Влада се автопатските делници и започнувањето на нивната изградба.
“Мене најдраги ми се проектите кои што се поврзани со автопатите, најмногу време и енергија трошам на нив. Оваа влада ги започна трите делници од договорот со “Бехтел и Енка”: Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола, сите започнавме да ги градиме. Тоа за мене се најдраги проекти, секако тука е и железницата. Очекувам после Велигден да ги видиме тендерите и за железничкиот коридор 8, трета фаза на пругата кон Бугарија. Тука е градскиот воз, првата фаза ќе почне да функционира во текот на летото, на потегот од Зелениково-Лисиче-Кисела Вода-Нова железничка. Доколку имаме средства во буџетот ќе започнеме постапки и за другите две планирани траси”, истакна вицепремиерот Николоски.
април 2, 2026

