Connect with us

Кошарка

Леброн Џејмс го мина Карим Абдул-Џабар

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс постави уште еден рекорд и продолжува да ја „полни“ историјата на НБА лигата. На дуелот со Кливленд во победата на својот тим 127:110 постигна 14 поени со 5 скокови и 6 асистенции.

Ова за Леброн Џејмс беше 1.229 победа во кариерата и стана кошаркарот со најмногу победи во историјата на НБА лигата. Тој така успеа да го мине рекордот на Карим Абдул-Џабар, поранешниот играч на ЛА Лејкерс и Милвоки.

Леброн ја игра 23.та сезона во кариерата, а на крајот на годината ќе наполни 42 години, а Џабар одигра три сезони помалку од него.

Џејмс има најмногу победи и поени во историјата на НБА лигата и има освоено четири шампионски титули, две со Мајами Хит и по една со Кливленд и ЛА Лејкерс. Во секоја шампионска сезона беше и МВП на финалето, а има и четири награди МВП на лигата.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4