Општини
Креативни маски, игри, песни и многу шеги на денешната „Априлијада“ во Кочани
Креативни маски, игри, песни и многу шеги можеа да се забележат денеска во Паркот на револуцијата во Кочани, по повод одбележувањето на 1 април, Денот на шегата.
Цветчиња, пчели, пеперутки, принцези, муви и главни ликови од цртаните филмови продифилираа низ улилиците во Кочани.

Манифестацијата „Априлијада“ се одржа пред платото на Центарот за култура „Бели Мугри“, а со ритмички точки се претставија дечињата од Детската градинка „Павлина Велјанова“ и учениците од одделенска настава од сите основни училиштата.

Поздравен говор имаше претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов.

Организатор на традиционалната „Априлијада“ е Одделението за јавни дејности во Општина Кочани, со средства од Програмата за поддршка на образованието.
април 2, 2026

