Connect with us

Вести

Драстично намалување на прекршоците во сообраќај во месец март, „Безбеден град“ регистрирал само 70 „поминувања“ на црвено

Преку системот „Безбеден град“ во март се констатирани 26.241 сообраќајни прекршоци, од кои само 70 за минување на црвено светло на семафор.

Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок.

-Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68,2 отсто во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 25.230, а во текот на март месец беа регистрирани дури 941 прекршок за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола – информираат од МВР.

Исто така, изречени се вкупно 544 мерки забрана за управување со возило, чиј број бележи намалување од 16,7 отсто во однос на минатиот месец. Од нив 70 се за минување на црвено светло, а 474 се за брзо возење, од кои 362 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 70 за брзина поголема од 10 км – сопствено ограничување на возило и 42 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.

Полицијата, апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4