Connect with us

Регион

ДП во писмо до амбасадите во Тирана предупредува на обиди за ослободување на корумпирани функционери

Пратеничката група на најголемата албанска опозициска партија,  Демократската,  денеска упати официјално писмо до дипломатските мисии во Тирана, изразувајќи „загриженост за неодамнешните случувања во правосудниот систем, особено за претстојната седница на Врховниот суд на Албанија”.

Ги повикуваме амбасадите внимателно да го следат процесот во Врховниот суд, да ја поттикнат транспарентноста и почитувањето на меѓународните стандарди и да ја поддржат гаранцијата за независен и непристрасен правосуден систем, објави Демократска партија.

Во писмото потпишано од координаторот  на пратеничката група, Газмент Барди, се наведува дека се очекува судот на 9 април  да ги разгледа прашањата поврзани со безбедносната мерка „затворски притвор”, по иницијатива на претседателот на судот, Сокол Садуши, без јасна правна основа.

Демократите го сметаат ова за деликатен момент во борбата против корупцијата, истакнувајќи дека голем број високи и поранешни функционери во моментов се под истрага или се преземаат безбедносни мерки за сериозни обвиненија, вклучувајќи корупција и злоупотреба на службената должност. 

Во писмото се споменува и фактот дека градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, во моментов е во притвор.

– Поблаго толкување на мерката „затворски притвор“ би можело да доведе до промени во статусот на притворените лица, вклучително и познати политички личности и личности од организираниот криминал, загрозувајќи ја довербата на јавноста во независноста на судството, наведува партијата во писмото.

Исто така во писмото се споменуваат и неодамнешните изјави на претставници на извршната власт, вклучително и премиерот Еди Рама кои ја критикуваа употребата на притвор пред судење, што според опозицијата ги “зголемува загриженостите за потенцијалното влијание врз правдата”.

ДП смета дека борбата против корупцијата и функционирањето на институции како што е Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) се од суштинско значење за процесот на европска интеграција на земјата.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3