Свет
Кина подготвена да ја зајакне економската и трговската соработка со САД
Кина е подготвена да ја зајакне економската и трговската соработка со САД – изјавил кинескиот министер за трговија Ванг Вентао по средбата со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир, одржана на маргините на состанокот на Светската трговска организација во Камерун.
Вентао истакнал дека економијата и трговијата треба да бидат двигател на односите меѓу Кина и САД и оти двете страни треба „правилно да го раководат односот меѓу конкуренцијата и соработката“.
Истовремено, повикал на зајакнување на меѓусебната соработка, избегнување „штетна конкуренција“, сето во насока на унапредување на билатералните економски односи.
Кинескиот министер изразил и „сериозна загриженост“ поради американските забелешки за наводни нефер трговски практики, а во врска одлуката на Вашингтон да поведе нова серија истраги против повеќе од 60 држави, меѓу кои и Кина, поврзани со прашањето за принудна работа.
март 28, 2026

