Connect with us

Ракомет

ГРК Охрид се пласираше во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп

Македонскиот прволигаш ГРК Охрид се пласираше меѓу осумте најдобри екипи во ЕХФ Европскиот куп, откако вечерва во осминафиналето го елиминираше чешкиот противник Дукла со вкупен резултат 60-45 (30-24, 30-21)

Ракометарите на ГРК Охрид допатуваа на реваншот во Прага со предност од 30-21 од првиот натпревар пред една недела и со гостински триумф од 30-24 го заверија пласманот во осминафиналето во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Македонскиот тим од самиот почеток го контролираше резултатот и на полувреме имаше предност од 15-13, а откако во 40 минута поведе со + 4 (21-17), рутински го проведе натпреварот до самиот крај.

Џанфранко Прибетиќ со седум голови беше најефикасен во редовите на ГРК Охрид.

Титулата во ЕХФ Европскиот куп минатата сезона ја освои скопски Алкалоид.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3