Connect with us

Фудбал

Престијани: Никогаш не сум употребил расни навреди кон Винисиус

Фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани, негираше дека употребил расни навреди кон Винисиус Жуниор за време на натпреварот со Реал Мадрид синоќа во Лисабон.

Реал победи со 1:0 во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите со голот на Винисиус.

– Сакам да разјаснам дека никогаш не сум употребил расни навреди кон Винисиус. Тој, за жал, погрешно го протолкува она што мислеше дека го слушнал. Никогаш не сум бил расист кон никого и жалам за заканите што ги добив од играчите на Реал Мадрид, напиша Престијани на социјалните мрежи.

Натпреварот беше прекинат по голот на Винисиус Жуниор во 50. минута поради наводни расни навреди упатени кон Бразилецот. Според Бразилецот, Престијани, како и домашните навивачи, го навредиле него нарекувајќи го мајмун.

Реванш натпреварот ќе се одржи во Мадрид на 25 февруари.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3