Општини
ЦУК: Ветер откорна лимена конструкција од покривот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија
Поради силен ветер, летна лимената конструкција од покривот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Настанот, како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), е пријавен на единствениот број за итни повици 112.
Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.
– За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки во согласност со своите надлежности – соопшти ЦУК.
февруари 18, 2026

