Свет
Украинска делегација отпатува за Швајцарија за разговори со Русија и САД
Украинската делегација замина за Швајцарија, каде што ќе се одржи следната рунда трилатерални разговори со САД и Русија, објави денеска шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов.
„На пат кон Женева. Следната рунда разговори е пред нас“, напиша Буданов на Телеграм, пренесуваат украински медиуми.
Тој додаде дека за време на разговорите „интересите на Украина мора да бидат заштитени“.
Следната рунда разговори меѓу Украина, САД и Русија е закажана за утре и задутре и ќе се одржи во Женева.
февруари 16, 2026

