Connect with us

Вести

Заврши судскиот претрес за четворица турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во кафуле во Штип

Заврши судскиот претрес со изнесување докази и давање искази на сведоци на четворица турски државјани, кои се обвинети дека лани во мај му помогале на турскиот државјанин Кадир Кара, кој во кафуле во ценатрот на Штип уби свој сонародник.

Портпаролот на Основниот суд (ОС)-Штип, воедно и судија кривичар, Сашко Георгиев за МИА изјави дека денеска имаше сведочење од страна на сведоци за четвртообвинетото лице, а веќе на 18 февруари во 12:30 часот во штипскиот Основен суд се закажани завршните зборови на одбраната и обвинителството. 

Инаку, претходно Кадир Кара призна вина за убиството на негов сонародник во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, со што судот  му  изрече казна затвор од 17 години и протерување од државата, откако ќе ја издржи казната во македонски Затвор.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1