Connect with us

Општини

Делегација од Амбасадата на Грција во официјална посета на Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска прими делегација од Амбасадата на Грција во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа амбасадорката Софија Филипиду и заменик-амбасадорката Кристина Василату. 

Како што информира Општина Кочани, на средбата се разговарало за актуелната состојба во Кочани, со посебен акцент на последиците од трагичниот настан во „Пулс“.

Амбасадорката Филипиду го информирала градоначалникот Грозданов за досегашната поддршка од Грција на Кочани по трагедијата, како и за активностите поврзани со психолошко-социјалната поддршка на ранливите групи погодени од несреќата.

Во рамки на посетата, со познати уметници од Грција, денеска се одржуваат арт-работилници во просториите на ОМУ „Ристо Јуруков“ во Кочани, како дел од активностите насочени кон поддршка, заздравување и културна размена.

– Градоначалникот Грозданов изрази благодарност за солидарноста и континуираната поддршка од Република Грција, нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка во процесот на закрепнување на локалната заедница, се нагласува во соопштението од локалната самоуправа.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1