Вести
Потпретседателот на Собранието, Милошоски на средба со унгарскиот амбасадор
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, придружуван од заменик-шефот на Мисијата, Атила Фодор.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на средба биле потенцирани одличните билатерални односи на нашата земја со Унгарија, засновани на меѓусебна доверба, почит и соработка. Посебен акцент бил ставен на економската и политичката соработка помеѓу државите, како и реализацијата на заеднички проекти.
Амбасадорот Клајн ја истакнал поддршката на Унгарија кон нашите ЕУ интеграции, истакнувајќи ја важноста на членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан кон стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на регионот.
февруари 11, 2026

