Connect with us

Ракомет

Победи за Вардар и Охрид на „отворањето“ на 20. коло од ракометната Супер лига

Екипите на Вардар и на Охрид постигнаа победи на првите два дуела од 20. коло од ракометната Супер лига. „Црвено-црните“ ја потврдија фаворитската улога во дуелот со градскиот ривал Бутел и на негов терен го совладаа со 34:23. Јака Малус со 9 голови беше најефикасен на дуелот.

Охрид на гостински терен го надигра МРК Куманово совладувајќи го со 30:14, а Дарко Ѓукиќ со 6 голови беше најефикасен.

Другите дуели од оваа рунда се играат утре, а двојките се Радовиш – Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид, Пролет – Струга и Прилеп – Тиквеш.

Вардар го задржа првото место со 38 бодови, додека Охрид со натпревар повеќе се проби на второто место со 33 бодови, пред првакот Еурофарм Пелистер со 32 и Алкалоид со 31. Бутел е на шестото место со 20 бодови, а МРК Куманово е на десетата позиција со 7 голови.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4