Connect with us

Вести

Сали на седницата на КСА: Посветени сме на реформите и постепената интеграција во Единствениот пазар на ЕУ

Министерот за европски прашања и прв заменик претседател на Владата, Беким Сали, учествуваше на седницата на Комитетот за стабилизација и асоцијација (КСА), со која претседаваше заменик министерот за европски прашања, Викторија Трајков, на која беше направен пресек на постигнатиот напредок во европската интеграција и беа утврдени приоритетите за наредниот период.

На состанокот, како што соопшти Министерството за европски прашања, била потврдена посветеноста на Владата на сигурен напредок на европскиот пат, со фокус на испорака на конкретни реформски резултати, особено во областа на владеењето на правото, јавната администрација и функционирањето на демократските институции.

Во тој контекст, било нагласено дека постепената интеграција во Единствениот пазар на ЕУ веќе носи опипливи придобивки за граѓаните и бизнисите. Иницијативи како СЕПА, WiFi4WB, како и претстојните проекти во областа на роамингот и индустриската усогласеност, придонесуваат за намалување на трошоците, подобра поврзаност и отворање нови можности за компаниите и младите.

Овие чекори, како што било истакнато, покажуваат дека европската интеграција не е само долгорочна политичка цел, туку процес што веќе носи конкретни придобивки во секојдневниот живот на граѓаните.

-Северна Македонија останува фокусирана на реформите, зајакнувањето на институциите и сигурниот напредок кон полноправно членство во Европската Унија, се наведува во соопштението од Министерството за европски прашања. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1