Регион
Народна банка на Србија: Штедењето во динари и девизи продолжува да бележи рекордни нивоа
Штедењето во Србија во динари и странска валута и во јануари оваа година продолжи да бележи рекордни нивоа, така што, според оперативните податоци, динарските заштеди биле речиси 208 милијарди динари на крајот на јануари, а во странска валута 16,3 милијарди евра, соопшти денеска Народната банка на Србија (НБС).
Растот на штедењето на населението е забележан и во втората половина на 2025 година и покрај се уште присутните глобални неизвесности, што, според НБС, е показател за довербата на граѓаните во домашниот банкарски сектор и финансискиот систем.
Во втората половина на 2025 година, штедењето во динари се зголемило за 10,4 милијарди динари (5,3 проценти) и изнесува 206,2 милијарди динари на крајот на декември 2025 година. Штедењето во странска валута, исто така, бележи раст во истиот период – се зголемило за 459,5 милиони евра (2,9 проценти), достигнувајќи го нивото од 16,2 милијарди евра на крајот на 2025 година.
февруари 10, 2026

