Општини
Пробиштип ги врачи признанијата на најдобрите спортисти и спортски здруженија
Општина Пробиштип седма година по ред во Домот на културата „Злетовски рудар“ ја организираше манифестацијата „Избираме најдобар спортист и спортска екипа за 2025 година“, на која им се оддава признание на најуспешните спортисти, тренери и спортски работници од нашата општина.
Во писменото соопштение од Општина Пробиштип се вели дека во соработка со претставниците на спортските клубови и здруженија беа номинирани и избрани најдобрите спортисти и спортски клубови.

-Спортист на годината, кој се натпреварува надвор од општина Пробиштип е одбојкарот Филип Савовски. Признанието спортист на годината, кој се натпреварува во рамки на општина Пробиштип, Бојана Пешoвиќ, карате. Спортски подвиг на годината – Горан Митков, планинарство. Млад надежен спортист – Михаил Томев, карате.
Најдобар тренер за 2025 година – Љупчо Русевски, одбојка. Спортско здружение на годината – Спортско планинарско друштво (СПД)- Пробиштип, соопштуваат од Општина Пробиштип.

Признание за трајни вредности во спортот доби фудбалерот Анѓел Коцев, за исклучителен придонес во развојот, афирмацијата и промоцијата на спортот во Општината признанија добија кошаркарите и кошаркарките Зоран Стојановски, Мики Лепитков, Лидија Илиевска и Лалица Митовска.

-Свое обраќање имаше градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, како и Илија Ристески од Министерството за спорт. На манифестацијата присуствуваа претставници на спортски здруженија, спортисти, членови на Советот на општина Пробиштип и бројни љубители на спортот, велат од Општината.
февруари 8, 2026

