Connect with us

Хроника

Лице од струшко Корошишта управувало возило со забрана за возење, возилото одземено

Струшката полиција при контрола во сообраќајот на регионалниот пат Струга – Дебар, затекнала 33 годишно лице од селото Корошишта како управува моторно возило со забрана за возење, возилото му било одземено, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата вчера во 9 часот и 25 минути, при контрола во сообраќајот близина на струшкото село Драслајца, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Д.С.(33) од селото Корошишта. 

– Констатирано е дека тој, возилото го управувал иако претходно му била изречена санкција забрана на управување со моторно возило од Б-категорија во времетраење од четири месеци. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во информацијата.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4