Connect with us

Хроника

Кавадарчанец без возачка возел опел со охридска регистрација, лишен бил од слобода

Кавадарчанец без возачка возел опел со охридска регистрација, лишен бил од слобода, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

-Вчера во 13:45 часот на улица „Народен Фронт“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.В.(32) од Кавадарци. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.В., при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено, соопштија од СВР Велес. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1