Connect with us

Хроника

Без положен испит возел опел, кавадарчанец лишен од слобода

Без положен испит возел опел, кавадарчанец бил лишен од слобода, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

-Вчера во 10:15 часот на улица „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ш.Ј.(42) од Кавадарци. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Ш.Ј., при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено, соопштија од СВР Велес. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 2