Connect with us

Скопје

Вo јануари отстранети 2.765 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје соопшти дека нивните екипи во текот на првиот месец од 2026 година подигнаа и транспортираа приближно 13.000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на Скопје.

Отстранети се и 2.765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица што биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.  

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и на улиците што се во надлежност на Град Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и на улицата Македонија, на помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, на пешачките мостови во централното градско подрачје, на пешачките патеки и на тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и во Старата скопска чаршија – се наведува во соопштението од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Маркетинг
Ad 1
Ad 4