Општини
Во штипско Ново Село одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев
Во славното штипско Ново Село, каде што учителствувал Гоце Делчев денеска се одбележаа 154 години од неговото раѓање. Делегации од Општина Штип, Советот на Општината, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претставници на АРМ, државни и локални институции, како и на политички партии и на Општинската организација на Сојузот на борците денеска пред спомен релјефот положија цвеќе и се поклонија на Делчев.
Најголемиот македонскиот револционер Гоце Делчев учителствувал во старата населба Ново Село, а училиштето денеска е ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“, каде што има спомен соба и училишни клупи и документи од тој период кога работел Делчев како учител заедно со Даме Груев и Ѓорче Петров.
Пред делегации се одржа и пригодна реч за Гоце Делчев, а учениците од штипската Гимназија „Славчо Стојменски“ имаа и рецитал.
февруари 5, 2026

