Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето што се закануваа дека ќе тепаат и убиваат сликани со Спасовски, протестираат ли по насока на СДС?

Луѓето што вчера протестираа против проектот “Безбеден град”, сликани за време на кампања заедно со поранешниот министер за внатрешни работи, поранешен премиер и сегашен пратеник на СДС, Оливер Спасовски.

СДС уште од почнување на тест перидот на проектот “Безбеден град” беа против имплементација на истиот, поради нивни причини кои не заслужуваат ниту коментар.

Но, она коешто е сомнително е како баш овие кои протестираат за да возат без возачки, имаат слика во кампања на СДС и нивниот носител на ИЕ 2 Оливер Спасовски.

СДС да одговори дали стои зад оние кои вчера бараа да возат без возачка дозвола и без регистрација на возилата? Дали ова е начинот на кој СДС ќе посегне да му наштети на проектот “Безбеден град”? Дополнително, ги повикуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои се закануваа со убиство и правдата да биде задоволена.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3