Connect with us

Култура

Се реконструира Театарот во Велес

Во рамки на проектот за санација на кровната купола, олуците и партерот на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес во тек се градежни работи кои опфаќаат демонтажа и замена на дотраени олуци, изведба на нова хидроизолација на куполата, како и санација на вертикалната хидроизолација во партерниот дел. Работите вклучуваат и привремени интервенции на тротоарските површини, по што просторот ќе биде вратен во првобитна состојба, информира за МИА Жарко Спасовски, в.д. директор на Театарот.

-Целта на активностите е подобрување на одведувањето на атмосферските води, спречување на влага и заштита на објектот на долг рок, појасни Спасовски.

Инаку средствата за реконструкција се обезбедени од Министерството за култура и туризам на барање на Велешкиот театар, а во рамките на Програмата за работа на театарот за 2025 година во висина од околу 800 илјади денари.

Зградата на Велешкиот театар е пуштена во функција во декември 2014 година. Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес има најсовремена сценска техника според светски стандарди

Маркетинг
Ad 1
Ad 4