Свет
Песков: Русија е арктичка држава и ние сме отворени за соработка
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија е подготвена за соработка на Арктикот.
– Русија е арктичка земја, за разлика од повеќето земји на Европската Унија, и е отворена за соработка на Арктикот. Тоа е наш регион. Ние сме арктичка држава, за разлика од огромното мнозинство земји од ЕУ, но сме отворени за соработка и заедничко дејствување. Ако политиката на ЕУ е насочена кон соработка на Арктикот, Русија ќе ја поздрави, наведе Песков.
Тој го предупреди Брисел дека политиката на конфронтација за Арктикот не би имала позитивен ефект.
– Ако претставниците на ЕУ имаат на ум нова политика насочена кон меѓународна соработка, тоа може да се поздрави. Меѓутоа, ако размислуваат за конфронтација, која во моментов е многу присутна во Брисел, тогаш тешко можеме да го поздравиме тоа и малку е веројатно дека ќе има некаков позитивен ефект, истакна Песков.
Тој нагласи дека Русија има големи интереси на Арктикот, кои ќе ги брани со целиот арсенал на меѓународното право.
февруари 5, 2026

