Политика
Партијата Демократски сили на Ромите се оградува од протестите на Ромите
Партијата Демократски сили на Ромите се оградува од таканаречените „ПРОТЕСТИ ЗА ПРАВДА”, кои се организираат како реакција на изгласувањето на измените и дополнувањата на Законот за прекршоци, со кои на возачите без возачка дозвола им се одземаат возилата, се наведува во соопштението на Демократските сили на Ромите кое МИА го пренесува интегрално.
Овие протести се организирани од страна на изолирани групи припадници на Ромската заедница и се одвиваат во одредени општини низ нашата држава преку палење на предмети, непримерно однесување на поединци, закани за предизвикување немири и употреба на навредливи изјави кон институциите и државата.
Барањата кои се застапуваат на овие протести се надвор од законските прописи и правила, особено бидејќи се бара стекнување возачки дозволи без полагање на возачки испит.
Партијата Демократски сили на Ромите стои на располагање за организирана поддршка на сите лица кои сакаат да го дооформат своето образование.
февруари 5, 2026

