Connect with us

Забава

Флорида: Игуани „зашеметени од ладно“ паѓаат од дрвјата

Редок студен бран во американската сојузна држава Флорида предизвика илјадници игуани да бидат „зашеметени од ладно“ – некои паѓаат од дрвјата, објави „Би-би-си“.

Влекачите како што се игуаните се ектотерми, што значи дека нивната внатрешна телесна температура е под влијание на надворешните услови. Кога времето е премногу ладно – како што температурите во Флорида деновиве паднаа под 10 Целзиусови степени, внатрешните процеси на овие животни забавуваат, а тоа доведува до појавата „зашеметени од ладно“, се наведува.

Агенцијата за диви животни за тоа подрачје соопшти дека се достапни за фаќање. Оттаму ја повикаа јавноста да ги ловат игуаните – инвазивен вид којшто изворно не потекнува од оваа земја. Според нивните податоци, повеќе од 2.000 игуани досега се предадени на властите во состојба на зашеметеност.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3