Connect with us

Култура

Битолска премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“

Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“ вечер во НУ Центар за култура ќе приреди битолска премиера.

Од НУ Центар за култура-Битола најавија интерактивна филмска проекција во која веднаш по завршувањето филмот, членови на тимот ќе имаат можност да разговараат со публиката.

-Битолската премиера на „Приказната за Силјан“ ќе се одржи во големата кино сала, а наши гости ќе бидат режисерката Тамара Котевска, продуцентот Јорданчо Петковски и монтажерот Мартин Иванов кои ќе зборуваат за филмот кој е светски, а наш, македонски, најави Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“ на репертоарот во Битола ќе биде до сабота навечер.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1