Тенис
Алисиме: Ѓоковиќ е најголем на сите времиња
Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алисиме искажа пофални зборови за Новак Ѓоковиќ по завршувањето на Австралија опен. Канадскиот тенисер потенцираше дека се работи за најдобриот тенисер на сите времиња.
– Тој е најголем играч на сите времиња. Неговата страст кон спортот, способноста да остане во форма и мотивиран, е пример за сите. Тоа што е неверојатно кај него, не е само нивото на играта, туку и неговата отпорност, истакна Оже-Алисиме
Ѓоковиќ настапот во Австралија опен го заврши како финалист, а пофални зборови за него истакна и новиот шампион Карлос Алкараз
февруари 5, 2026

